ОН: Во Турција и Сирија се ближи крајот на акциите за спасување преживеани

Сподели со своите пријатели

Во Турција и Сирија акцијата за спасување на преживеаните од земјотресот од урнатините привршува и неопходно е итно да се премине во фаза на обезбедување засолниште, храна, образование и психосоцијална заштита, изјави денеска шефот на ОН за итна хуманитарна помош, Мартин Грифитс.

Loading...

За време на посетата на Алепо во северна Сирија, Грифитс истакна дека ОН ќе испратат помош од регионите во Сирија под контрола на владата во северозападниот дел на земјата, под контрола на бунтовниците, кој исто така е разурнат од земјотрес, објави Ројтерс.

Според последните податоци, во два големи земјотреси во Турција загинале најмалку 29.605 лица.

Бројот на загинати во земјотресот во Сирија достигна 8.500, соопшти директорот за итни случаи на Светската здравствена организација во регионот на источниот Медитеран, Рик Бренан.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.