ОН, Турција и Украина постигнаа нов план за извоз на жито

Сподели со своите пријатели

Обединетите нации, Турција и Украина вечерва договорија план за движење на 16 бродови кои се во турските води.

Loading...

Планот, кој ќе стапи на сила од 31 октомври, беше договорен еден ден откако Русија го суспендираше учеството во договорот за жито со кој се дозволува извоз на жито од украинските пристаништа, пренесе Ројтерс, цитирајќи го Танјуг.

Во соопштението на Заедничкиот координативен центар (ЗКЦ) во Истанбул, каде што работат руски, украински, турски и персонал на ОН, се вели дека трите делегации, исто така, се согласиле да обезбедат инспекции за 40 бродови што заминуваат во понеделник.

ЗК соопшти дека руската делегација била информирана за двата планови.

Заменик министерот за надворешни работи Андреј Руденко изјави дека за можноста Русија да се врати на договорот за жито може да се разговара само откако ќе се дознаат сите околности за нападот на бродовите на Црноморската флота во водите на Севастопол.

Русија во саботата објави дека го суспендира своето учество во договорот за жито по нападот во Севастопол врз воените бродови на Црноморската флота и трговските бродови ангажирани за обезбедување на коридорот за жито.

Договорот што Украина и Русија го постигнаа на 22 јули во Истанбул, со посредство на Обединетите нации и Турција, резултираше со извоз на неколку милиони тони прехранбени производи од црноморските пристаништа во Украина до денес.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...