ОН: Сателитските снимки покажуваат 35 отсто од зградите во Газа се уништени или оштетени

Сподели со своите пријатели

Сателитските снимки анализирани од Сателитскиот центар на ОН (UNOSAT) покажуваат дека 35 отсто од зградите во Газа се уништени или оштетени од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас.

Loading...

За проценката, УНОСАТ користеше сателитски снимки со висока резолуција собрани на 29 февруари, направени пред и по почетокот на последниот конфликт.

Заклучено е дека 35 отсто од сите згради во Појасот Газа, односно 88.868 се уништени или оштетени.

Уништени се 31.198 објекти, 16.908 се тешко оштетени, а 40.762 претрпеле умерена штета.

Тоа претставува зголемување за речиси 20.000 оштетени згради во споредба со претходната проценка заснована на слики од јануари кои покажаа дека 30 отсто од сите згради биле оштетени или уништени, соопшти УНОСАТ, објави британски Гардијан.

Областа Кан Јунис беше особено погодена, со 12.279 згради дополнително оштетени и 6.663 уништени.