ОН предупредуваат: Недостигот на вода може да стане глобален проблем

Сподели со своите пријатели

Недостигот на вода поради прекумерна употреба и климатските промени може да доведе до глобална криза на водата, предупредија ОН во извештајот објавен синоќа.

Loading...

Околу две милијарди луѓе немаат пристап до вода за пиење, а 3,6 милијарди немаат пристап до безбедни санитарни системи, се наведува во извештајот на агенцијата UN-Water и УНЕСКО пред денешното отворање на Конференцијата на ОН за вода во Њујорк.

Светот слепо патува по опасен пат на прекумерна потрошувачка и прекумерен развој, се вели во извештајот, пренесува Би-би-си.

Денеска започнува првата конференција на ОН за вода од 1977 година. Илјадници делегати ќе присуствуваат на тридневниот состанок во Њујорк.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ХОРОР ВО СИДНЕЈ: Свештеник нападнат со нож среде проповед (ВИДЕО)

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш рече дека водата, која е „крв на човештвото“, се троши поради неодржлива употреба, загадување и незауздано глобално затоплување.

Во извештајот се предупредува дека „недостигот на вода станува ендемично“ поради прекумерна употреба и загадување, додека глобалното затоплување ќе го зголеми сезонскиот недостиг на вода и во областите богати со вода и во областите со недостиг на вода„.

Ричард Конор, водечки автор на извештајот, рече дека околу 10 отсто од светското население моментално живее во области каде недостигот на вода е голем или критичен.

„Во нашиот извештај велиме дека до 3,5 милијарди луѓе живеат во услови на недостиг на вода најмалку еден месец годишно“, изјави тој за Би-Би-Си. ;

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европските берзи во пораст: Скокна златото, нафтата под 90 долари за барел

Според најновиот климатски извештај на ОН објавен во понеделникот, околу половина од светското население има недостиг на вода барем дел од годината.

Конор им рече на новинарите дека „неизвесностите се зголемуваат“ кога станува збор за глобалното снабдување со вода и дека дефинитивно ќе има глобална криза доколку не се реши проблемот.

Заменик-генералниот секретар на ОН, Уша Рао Монари, кој е официјален домаќин на конференцијата за вода на ОН, изјави за Би-Би-Си дека во иднина ќе треба повнимателно да се управува со ресурсите.

„Има доволно вода на планетата ако управуваме со неа поефикасно отколку што правевме во изминатите неколку децении“, рече таа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Светските лидери го повикаа Израел да избегне ескалација

На самитот чиј домаќин се владите на Таџикистан и Холандија ќе се соберат околу 6.500 учесници, меѓу кои 100 министри и десетина шефови на држави или влади, пренесува Бета.