ОН ќе ја зголемат хуманитарната помош за Украина

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска му кажа на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ОН се „решени да ја зголемат хуманитарната помош за украинскиот народ“.

Loading...

Тој во телефонски разговор го информирал Зеленски дека ОН во вторник ќе упатат апел за финансирање хуманитарни операции (организации) во Украина, се наведува во соопштението.

ОН во петокот повика на „безбеден и непречен пристап“ до хуманитарна помош за Украина и соопшти дека повеќе од 1,8 милиони луѓе наскоро ќе бидат раселени поради војната.

Светската организација, исто така, повика 7,5 милиони деца во Украина да бидат заштитени од последиците на војната и сите страни да се воздржат од напади врз цивилната инфраструктура, особено оние што ги погодуваат децата (училишта, медицински установи и системот за водоснабдување).

Непосредно пред рускиот напад, ОН испорача помош на Украина за околу три милиони луѓе, особено на истокот на земјата.