ОН ја осудија Русија

Сподели со своите пријатели

Генералното собрание на Обединетите нации во средата со големо мнозинство го осуди рускиот „обид за нелегална анексија“ на четири делумно окупирани региони во Украина и ги повика сите земји да не го признаат потегот, зајакнувајќи ја дипломатската меѓународна изолација на Москва.

Loading...

Три четвртини од 193-те членки на Генералното собрание, или 143 земји, гласаа за резолуцијата, која исто така ги потврдува суверенитетот, независноста, единството и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници.

„Тоа е неверојатно“, им рече на новинарите амбасадорот на Украина во ОН, Серхиј Кислиција по гласањето, стоејќи до американската амбасадорка во ОН Линда Томас-Гринфилд, која рече дека резултатот покажал дека Русија не може да го заплаши светот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со Путин

Само четири земји ѝ се придружија на Русија во гласањето против резолуцијата – Сирија, Никарагва, Северна Кореја и Белорусија.

Триесет и пет земји беа воздржани од гласањето, вклучувајќи го и стратешкиот партнер на Русија Кина, додека останатите не гласаа.

Во септември Москва прогласи анексија на четири делумно окупирани региони во Украина – Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје – откако организираше, како што рече, референдуми. Украина и нејзините сојузници ги осудија референдумите како нелегални и принудени.

Гласањето во Генералното собрание уследи по ветото на Русија на слична резолуција во 15-члениот Совет за безбедност минатиот месец.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Твитер напиша дека е „благодарен на земјите што ја поддржаа историската резолуција #UNGA… Обидот на Русија за анексија е безвреден“.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со Путин

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.