ОН: Иран од почетокот на годината погуби 209 луѓе

Сподели со своите пријатели

Иран од почетокот на годината егзекутирал 209 лица, изјави денеска портпаролката на Канцеларијата за човекови права на ОН Равина Шамдасани, опишувајќи ја бројката како „ужасна“ и ги повика иранските власти да престанат.

Loading...

„Високиот комесар на ОН за човекови права, Волкер Турк, е згрозен од алармантниот број на егзекуции оваа година во Иран“, рече Шамдасани на прес-конференција во Женева, пренесе Ројтерс.

Таа додаде дека до денес, повеќе од 10 луѓе неделно се испраќаат на смрт, „што го прави Иран една од земјите со најмногу егзекуции во светот“.

Портпаролката рече дека поголемиот дел од егзекуциите се за прекршоци поврзани со дрога. Во понеделникот, Иран обеси двајца мажи обвинети за богохулење.

Егзекуциите во Иран поради богохулење се ретки, бидејќи во повеќето претходни случаи судот ја ублажи казната, пренесува Танјуг.