ОН го осудија нападот со дрон врз Москва и ги повикаа страните да избегнат ескалација

Сподели со своите пријатели

Обединетите нации сакаат страните во конфликтот во Украина да избегнуваат чекори кои водат кон негова ескалација, изјави заменик портпаролот на генералниот секретар на ОН Фархан Хак.

Loading...

– Сакаме сите страни да избегнуваат какви било дејствија што би доведоа до понатамошна ескалација на овој конфликт. И ги повикуваме да се погрижат тоа да не се случи, изјави Хак, коментирајќи го нападот со дронови врз Москва, пренесува РИА Новости.

Претходно, градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин изјави дека во понеделникот во Москва се регистрирани напади со беспилотни летала врз две нестанбени згради и дека нема сериозни штети или жртви.

Дептранс извести за блокирање на сообраќајот долж Комсомолски Проспект и авенијата Лихачов.

Подоцна, сообраќајот долж Комсомолски Проспект беше целосно нормализиран.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.