Олимпискиот пламен повлечен од јавноста, се чува на тајна локација

Сподели со своите пријатели

Олимпискиот пламен за Игрите во Токио пристигна во Јапонија на 26 март од Грција, а откако беше решено Олимпијадата да биде одложена за следната година поради коронавирусот, организаторите го изложија во Фукушима, каде треба да биде до крајот на месецот.

По воведувањето вонредна состојба, пламенот беше повлечен од јавноста и не е познато дали повторно ќе биде изложен и во какви околности.

Loading...

„Пламенот ќе се чува на непозната локација за да се спречат луѓето да се собираат“, се вели во изјавата на организаторот на Олимписките игри.

Пламенот накратко ќе биде сместен во Токио, а потоа се очекува да биде преземен од Меѓународниот олимписки комитет (МОК), како симбол на борбата против пандемијата „Ковид-19“.

„Идејата е да се задржи пламенот да гори и да му го покажеме на светот. Тоа ќе биде одлична инспирација и светлина во овие тешки моменти“, рече поранешниот директор за маркетинг на МОК, Мајкл Пејн.

Пламенот се очекува да се врати во Јапонија следната година за штафета за олимпискиот факел.

Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 23 јули до 8 август 2021 година.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *