Олимписки ден за основците од Куманово

Сподели со своите пријатели

Ученици од општинските основни училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ вчера зедоа учество на олимпискиот ден кој се одржа на атлетскиот полигон во ОСТУ „Наце Буѓони“.

Во организација на Македонскиот олимписки комитет основците имаа можност да играат ракомет, мал фудбал, но и да дрчаат до двесте метри на ателтската патека.

Присутните ги поздрави претседателот на комитетот Васил Тупурковски, кој истакна дека му е чест што овој настан се одржува во Куманово, поради тоа што општината многу вложува овој град да биде олимписки град.

Организирајќи го олимпискиот ден овој град е дел од целокупното светско олимписко семесјтво кое ширум светот организира вакви мамнифестации и денови. Им се радуваме на младите спортисти сакаме голема перспектива видовиме млади уметници, едноставно уживаме денеска во Куманово. Секаде во светот се оргниазира, се слави олимпизмот младите се во прв план ние сакаме масовен спорт, духот на олимпизмот е мир соработка меѓу народите нема нешто поубаво – рече Тупурковски.

Градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски истакна дека градот постојано вложува во изградба, реконстркција на спортски терени и игралишта.

Куманово е денеска домаќин на промоција олимписки ден ние сме избрани како град домаќин на ова движење. Оваа година знаете има летна олимпијада во Рио, и токму Куманово го избраа како референтен град во однос на тоа што имаме олимписка историја, а и условите за спортување во Македнија. Куманово е еден од препознатливите градови кој вложува во спортот и мислам дека тоа е мотивот што денееска добивме привилегија од олипмскиот комитет да бидеме организатори.

Дамјановски додаде дека Куманово е и амбасадор на Република Македонија за промоција на спортот.