Oлигарси и политичари воопшто не плаќале даноци во Куманово

Сподели со своите пријатели

„Oлигарси и политичари воопшто не плаќале даноци во Куманово“,  рече вчера раководителот на Секторот за даноци и такси при Општина Куманово Ненад Стојановски, одговарајќи на дел од советничките прашања.

Loading...

До ваков заклучок е дојдено по опсежна анализа, при што било утврдено дека вкупно 350 лица носители на функции воопшто не го ни пријавиле својот имот во даночните служби.

– За жал во Општина Куманово е констатирана една лоша состојба, а тоа е олигарси и политичари воопшто не плаќале даноци во Куманово и ние започнавме еден процес на масовно задолжување на такви лица. Досега има преку 350 пријави на луѓе носители на функции кои имаат сериозни имоти, а кои воопшто не пријавиле имот кај нас и сега им доаѓаат ретроактивни решенија затоа што не може тоа да биде така. Не може граѓаните да плаќаат даноци, оние што имаат најмногу пари воопшто да не се јавуваат како даночни обврзници, изјави Стојановски.

Во минатото како што појасни раководителот, постоела пракса земјишта кои биле впишувани како земјоделски, поради атрактивноста на локацијата со дополнителни приватни инвестиции да направат пренамена и да градат на истите.

Поради таквата состојба наместо да плаќаат данок за градежно земјиште, тие плаќале минимални даноци за земјоделско.

– Следејќи го овој пример, констатираме сериозни финансиски загуби во Општина Куманово и консултирајќи се со повеќе општини меѓу кои и Град Скопје, ја сменивме процедурата, интерна процедура за работа, и земјоделско земјиште во градежен опфат го третираме како градежно земјиште и тоа е законска работа, затоа што минува на Управен суд. Секој што не е задоволен од нашето решение има можност да поднесе тужба до Управен суд, доколку не ви се усвои тужбата, а од поднесени 300 такви жалби сите се решени во корист на Општина Куманово, самиот суд утврдува дека тоа е законска работа. Следната фаза е жалба до Виш Управен Суд и тоа се единствени инстанци кои решаваат за тоа како ние работиме, појасни Стојановски.

Во однос на искажаните тврдења на советничката од ВМРО-ДПМНЕ Анета Шандева Доневска, дека дел од даноците се за 400 отсто качени во населбата Карпош, раководителот на секторот Ненад Стојановски, вели дека такво нешто нема, но дека има граѓани кои воопшто не плаќале даноци, па сега добиле решенија да ги подмират заостанатите побарувања.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply