Александар Дудка, началник на селото Лазурне во делот на Херсонската област окупирана од Русија, на жителите преку видео им кажа дека нема да добиваат лекови како инсулин или хуманитарна помош доколку не поднесат барање за руски пасош.
„Официјалните документи сега наведуваат дека странските државјани, односно граѓаните на Украина, нема да можат да добиваат лекови финансирани од рускиот буџет. Ова првенствено се однесува на пациентите на кои им е потребен инсулин. Истото ќе важи и за дистрибуцијата на хуманитарна помош. Ограничувањата се поставено за оние кои не побарале пасош на земјата во која живеат, земјата која ги храни, дава бенефиции и обезбедува безбедност на оваа територија“, рече Дудка, а пренесува „Гардијан“.
A collaborator official tells Ukrainians who live in the occupied Lazurne in Kherson Oblast that they won’t get medicines if they do not apply for a Russian passport. This includes INSULIN. The collaborator cites issues with “waiters” i.e. those waiting for Ukraine to liberate… pic.twitter.com/5VjPomBX7z
— Dmitri (@wartranslated) August 12, 2023
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.