Октопод нападна пливач во Австралија: Едвај доплива до брегот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Геологот Ленс Карлсон бил нападнат од „лут октопод“ додека бил на одмор на плажа во Западна Австралија.

Loading...

Видеото покажува како октопод лебди над него во плитката вода. Го бркал, а покрај раката, му ги грабнал вратот и горниот дел од грбот.

Човекот добил црвени лузни од пипалата што го изгореле и се смирил само кога ги посипал со Кока-Кола.

Поранешниот спасувач за локалните медиуми изјави дека оцетот е најдобро решение во случај на повреди здобиени од морски животни, но дека тој го немал во тоа време.

Тој рече дека знаел дека киселината може да помогне, па затоа проба газиран пијалок.

„Излезе дека функционира“, рече Карлсон.

Тој се подготвувал за пливање во близина на одморалиштето во заливот Географ каде што престојувал тој и неговото семејство, кога видел како што мислел, напад на ража врз галеб.

Сфатил дека станува збор за октопод само кога се доближил со својата двегодишна ќерка, снимајќи видео. Тогаш октоподот одеднаш се свртел во нивна насока.

Loading...

„Октоподот нè нападна, што беше вистински шок“, изјави Карлсон за Ројтерс.

Подоцна, кога сам влегол во морето, октоподот повторно го следел и го повредил.

„Очилата ми се заматија, водата одеднаш стана матна и бев шокиран и збунет“, рече тој.

 

Leave a Reply