Околу 4.000 полицајци на должност за новогодишната ноќ во Берлин

Сподели со своите пријатели

Берлинската полиција планира големо распоредување за новогодишната ноќ, по минатогодишните немири на улиците на главниот град на Германија и неодамнешните антиизраелски демонстрации.

Loading...

„Ова е најголемата полициска акција на новогодишната ноќ во последните неколку децении“, изјави началникот на берлинската полиција Барбара Словиќ, пренесува германски Билд.

Како што наведе таа, на новогодишната ноќ ќе бидат распоредени меѓу 2.000 и 2.500 берлински полицајци.

„Истовремено, бројот на патролни возила ќе се зголеми од 150, што е вообичаено ноќе, на 220. Тоа се уште 1.000 полицајци во патролни возила и во (полициски) станици“, рече таа.

Словик рече дека, дополнително, 500 федерални полицајци ќе бидат распоредени на железничките станици.

Таа посочи дека конфликтите на Блискиот Исток се сфаќаат емотивно и дека има голема потреба да се заштитат израелскиот народ и институции.

„Претпоставуваме дека овие емоции ќе се доживеат и на улица“, рече таа.

Минатата година во одредени населби во Берлин и други поголеми германски градови, покрај вообичаениот огномет на улиците, беа фрлени и многу петарди, а забележани се и напади врз полицајци, пожарникари и болничари.

Loading...