Околу 34 милиони луѓе во светот гладуваат

Сподели со своите пријатели

Оргнаизацијата н Обединетите Нации предупреди дека гладот ​​ќе надвладее во повеќе од 20 земји во следните неколку месеци.

Loading...

Бројни семејства веќе гладуваат во делови на Јемен и Јужен Судан, според извештајот на Организацијата за храна и земјоделство на ООН, пренесува Гардијан.

Во извештајот се вели дека околу 34 милиони луѓе се борат со недостиг на храна и се на работ на глад.

 

 

Гладот ​​е предизвикан од воени конфликти, климатски промени и пандемија на коронавирусот, а во некои земји од временски непогоди и пустински бури.

„Нивото на страдање е алармантно. На сите нас е да дејствуваме брзо и да спасиме човечки животи“, рече Чу Донгву, генерален директор на Организацијата на ООН за храна и земјоделство

Loading...

Северна Нигерија, Јемен и Јужен Судан се меѓу земјите кои се соочуваат со „катастрофа“ поради недостаток на храна, се наведува во извештајот на оваа организација.

 

 

Земјите во Африка се најзагрозени, а гладот ​​се заканува во Авганистан, Сирија, Либан, Хаити и во некои од карипските земји.

Leave a Reply