Околу 20.000 луѓе гледаа целосно затемнување на сонцето во Австралија

Сподели со своите пријатели

Околу 20.000 луѓе се собраа под ведро небо во крајбрежниот град Ексмут во северозападна Австралија за да уживаат околу една минута од реткото целосно затемнување на Сонцето рано утринава.

Loading...

Оддалечениот туристички град со помалку од 3.000 жители се смета за една од најдобрите локации во Австралија за да се види затемнувањето, кое исто така ќе помине над оддалечените делови на Индонезија и Источен Тимор.

Во толпата имаше луѓе од целиот свет, кои кампуваа во Ексмут со денови во шатори и приколки на црвена, правлива рамнина на работ на градот, со камери и друга опрема за набљудување насочени кон небото.

Во главниот град на Индонезија, стотици луѓе се собраа во планетариумот Џакарта за да го гледаат делумното затемнување, заматено од облаци.

Спектакуларните глетки на Месечината што минува меѓу Земјата и Сонцето и за момент целосно ја затскрива, се многу ретки и се случуваат еднаш во деценија.

Последен пат Сонцето, Месечината и Земјата се наредени во една линија, која трае околу неколку минути, беше во 2013 година, а следниот пат е само во 2031 година, според АП.

 

Loading...