Околу 100 прегледи дневно на детското одделение во кумановската болница

Сподели со своите пријатели

Околу 100 прегледи дневно има на детското одделение од Oпшта болница Куманово, соопштија денеска надежните од јавната здравствена установа.

Loading...

На одделението, хоспитализирани се триесет дечиња, а на дневна болница има 20-тина деца, со потешкотии поради горно и долно репираторни инфекции.

-Последниот месец -два откако почна падот на температурите и со појава на сезонскиот грип во есенскиот и зимскиот период, значително имаме покачен број на болни деца. Обично во колективните центри во училишта и градинки, но имаме и зголемен број на мали деца. Кај нас имаше хоспитализирано бебе од две недели со респираторни инфекции, изјави началничката на детското одделение од болницата, д-р Ферихан Бајрами.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!

Родителите бараат помош за заболените деца поради зголемена температура , болки во грлото, малаксаност, проследена со сува кашлица, кои по два дена се надополнуваат со продуктивна влажна кашлица. Некои од нив појаснува докрот Бајрами имаат и порблеми на долните респираторни патишта, пневмонии,воспаление на бели дробови, опструктивни бронхитис.

-Респираторните вируси обично се пренесуваат по аерокапков пат, со кивање, кашлање, близок контакт на болно и здраво дете. Треба да се изолираат ако забележат некој симптом, без оглед на возраста и да се почне со терапија, исхрана, прошетки, вели д-р Бајрами.

И покрај тоа што родителите им даваат витамини на децата, дел од нив често се разболуваат. Според кумановските лекари ова се должи што малите еца пред сѐ оние под три години имаат неравиен имунолошки систем.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат

Во болнцата има шест лекари педијатри, но болницата покрај Куманово која е најголема општина во државата ги покрива и подрачјето на останатите пет општини од североисточниот плански регион.

МИА

Loading...