Околу 1.000 ученици дел од проектот „Пливај и уживај“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Над 1.000 ученици досега се пријавиле за учество во проектот „Пливај и уживај“ кој им овозможува дополнителни воннучилишни активности на затворениот Градски базен во Куманово.

Loading...

Проектот е иницијатива на Општина Куманово, а се реализира во соработка со Општинскиот сојуз на спортови и Училишниот сојуз на спортови од градот.

Стартот на проектот денеска го означи градоначалникот Максим Димитриевски кој истакна дека за ваквата намена Советот на Општина Куманово има донесено одлука за користење 7 милиони денари буџетски средства.

– Има за цел да ги анимира нашите најмлади од основно и средно образование да се активираат на полето на пливањето. Кога имате ваков импозантен објект кој е најубав во државата треба да го искористите. Пред неколку години општината се обиде да ги анимира младит еи тогаш немаше голем интерес за жал, но сега успеавме заедно со ентузијазмот на професорите и менаџерските тимови да анимираме повеќе од 1.000 ученици, кои како дополнителна активност го земаат овој час. Горд сум што многу млади сограѓани се отповикаа со поддршка од своите родители. Пливањето ќе биде бесплатно и целта е да се совладаат основните техники на пливање, да имаме деца кои знаат да пливаат, здрави генерации и за момент младите да ги тргнеме од она што значи компјутер и континуирано седење, изјави Димитриевски.

Loading...

Градоначалникот ги охрабрува родителите да се активираат затоа што програмата е безбедна, лица кои имаат соодветно образование за пливање, а базенот располага и со свои спасувачи.

Според Филип Колевски, претседател на Сојузот на спортови на град Куманово, вели дека ова е директно вложување во иднината на спортот на градот и здравјето на децата.

– Мислам дека сите би биле радосни од она што ќе биде производ на овој проект, изјави Колевски.

Претседателот на Сојузот на училишен спорт на град Куманово, Ивица Ѓорѓиевски вели дека покрај општа култура од пливањето, ќе се спречи превенција за создавање деформитети кај младите.

– Секој има наставник кој полагал за спасување, а покрај тоа има и двајца до тројца спасувачи, а имаме и доволно реквизити кои сами по себе служат за безбедност на учениците, појаси Ѓорѓиевски.

Проектот ќе трае по четири месеци во секое училишно полугодие, а учениците кои не се пријавиле досега, тоа можат да го сторат кај своите наставници во училиштата.

Loading...

За повеќе фотографии во текот на денот следете го нашиот Инстаграм профил.

Никола Ивановски


Leave a Reply