ОК ВМРО-ДПМНЕ: Лагите и манипулациите од СДС и Дамјановски, не поминуваат

Сподели со своите пријатели

По реакцијата на градоначалникот на Општина Куманово, по инцидентот во населбата Перо Чичо, но и обвинувањата на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, од партијата повторно излегоа со соопштение до медиумите во кое се порачуваат дека лагите и манипулациите од СДСМ и Дамјановски не поминуваат. 

Тие сами се залажуваат ако мислат дека некој однадвор го креира револтот на граѓаните. Граѓаните се револтираат од тоа што гледаат дека 12 години Дамјановски ги лаже, ги манипулира, неодговорно ги троши нивните пари, не им ги решава проблемите и го уназадува Куманово.

Неодговорноста и неспособноста на Дамјановски и на СДС во Куманово не може да го покриваат веќе со закани, манипулации и лаги.

Граѓаните со свои очи го гледаат шерифското однесување на Дамјановски.

Граѓаните со свои очи ги гледаат заканите и насилството кое го применува СДС во Куманово.

Граѓаните со свои очи гледаат дека Дамјановски и СДС во Куманово дека не работат на решавање на нивните комунални проблеми.

Заканите и лагите на Дамјановски се единственото нешто кое можат да го прикажат како дело на СДС во Куманово – стои во реакцијата на ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово.