ОК на ВМРО-ДПМНЕ: Вчерашната седница на советот беше скандалозна (видео)

Сподели со своите пријатели

Во седиштето на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово денеска се одржа прес конференција, на која советничката Валентина Јовановска праша зошто на СДСМ и Димитриевски им пречи името Македонија.

Loading...

Таа рече дека на иницијативата за преименување на плоштадот од „Нова Југославија“ во „Македонија“ досега се потпишале над 7000 граѓани, но дека Димитриевски и СДСМ не ја сакаат оваа точка на дневниот ред на Седнциата на советот.

На самата седница побаравме да се гласа од присутните советници за тоа иницијативата да биде ставена како точка на дневен ред. За жал и по ова не беше ставена бидејќи освен коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ која гласаше за, СДСМ беше против, а другите гласаа како воздржани – истакна Јовановска.

На вчерашната седница на Советот на општина Куманово, Димитриевски инаку рече дека градот има поголеми проблеми од ова, па затоа денес од ОК на ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека ставот на СДСМ дека промена на името само ќе предизвика меѓуетинчки тензии е само оправдување.

Зошто на Максим Димитриевски и СДСМ им пречи името Македонија? Дали според нив и името на државата во која живееме Република Македонија предизвикува меѓуетнички тензии? – прашуваат од партијата.

Јовановска додаде дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да се откаже од оваа иницијатива и понатаму ќе бара нејзино реализирање.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.