ОК на ВМРО-ДПМНЕ со честитка до граѓаните за Денот на сесловенските просветители

Сподели со своите пријатели

Македонија го празнува Денот на сесловенските просветители, браќата Свети Кирил и Методиј и денот кога започнала нивната мисија во Моравија, односно денешниот 24ти мај.

По тој повод честитка до сограѓаните пристигна и од штабот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово, а во неа стои:

На овој голем ден, нашата татковина го слави празникот на словенските просветители Свети Кирил и Методиј, основоположници на словенската писмености литература, заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Во нивна чест и слава, на нас ни останува да продолжиме со создавањето трајни вредности за сестран развој на нашата држава и култура. По тој повод, Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, на сите граѓани им го честита овој голем празник – стои во честитката на општинскиот комитет.