ОК на ВМРО-ДПМНЕ: Полуразрушени или целосно руинирани куќи и депонии на секој агол (видео)

Сподели со своите пријатели

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово денес одржа прес конференција на улицата „27 мај“, лоцирана веднаш зад зградата на судот од каде упатија обвинувања до градоначалникот, истакнувајќи дека Куманово со години, како што велат, е заложник на неодговорна и незаинтересирана локална власт.

Полуразрушени или целосно руинирани куќи, депонии на секој агол, голема нечистотија, потенцијални извори на зараза демнеат на секој чекор и предизвикуваат неверување. Целиот простор, во кој од многуте дупки едвај може да се забележат траги од некогашна уличка, е опколен со станбени згради и градби во кои се сместени неколку државни институции. Тука низ овие коридори на срамот секојдневно поминуваат многу луѓе, кои можат да видат до каде може да оди бесрамноста на локалната власт предводена од СДСМ – рече Срѓан Ивановски, член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели деека да се опише ова место е многу тешко за секој кумановец, а уште потешко ако се знае дека се работи за центарот на Куманово.  Ивановски го праша градоначалникот зошто три пати по ред излегува на избори и бара градоначалнички мандат.

Очигледно како и секогаш имате подготвено многу оправдувања, изговори за неработењето, но сепак што и да кажете, никако нема да можете да ја сокриете сопствената одговорност – додава Ивановски.

Тие обвинија и дека градоначалникот Зоран Дамјановски, како што велат се крие зад разни политички проекти со цел да не биде препознаена неговата неодговорност.