ОК на ВМРО-ДПМНЕ организираше коктел за членовите и новинарите (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ со предновогодишен коктел го одбележа крајот на 2015 година со своето локално раководство и партиско членство.

 

Loading...

DSC_0035

 

Се собраа да се забават, да ги сумираат впечатоците од годината што изминува, но и да поразговараат за плановите кои допрва ќе се реализираат во претстојната година.

 

DSC_0031

 

Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Петковски во име на партијата на граѓаните им посака лично здравје, среќа и успех на сите полиња.

Ова е година која на сите нас во Куманово ќе ни остане во доживотно сеќавање и која што мислам дека никогаш не треба да се повтори. Но, овае и година во која што сите ние кумановци покажавме доблест, храброст и останавме единствени – изјави Петковски.

Желби за среќа, успех и здравје упати и пратеникот од Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски кој беше присутен на коктелот.

Зад нас останува една година на турбуленции, година на политичка криза која ќе остане запаметена во историјата на Македонија, каде што доживеавме да парламентарното малцинство го малтретира и условува парламентарното мнозинство. Тоа го нема никаде во светот, меѓутоа Македонија поминала низ многу турбуленции, низ многу проблеми во своето постоење така да оваа работа има своја завршница тоа се изборите на 24 април – вели пратеникот Ѓорѓиевски.

Loading...

Интересно е што двете најголеми политички партии во 2016 година си посакаа победа на претстојните избори, а кому ќе се исполни желбата ќе дознаеме во април.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.