ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Проевце: Дамјановски не ги остварува своите ветувања (видео)

Сподели со своите пријатели

На прес конференција која ја организираше Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово денес во с. Проевце повторно беа испратени обвинувања на сметка на градоначалникот Зоран Дамјановски дека она што го ветил во изборната кампања сеуште го нема исполнето.

Loading...

И после повеќе години владеење на Дамјановски, Проевце се уште се соочува со основни проблеми со неизградена патна инфраструктура, со проблеми со канализација и со огромни проблеми во водоснабдувањето. И додека граѓаните на оваа населба се соочуваат со овие проблеми, Зоран Дамјановски, без ни малку срам и одговорност, продолжува со неговата не грижа кон граѓаните и неговото неработење – велат од партијата.

Граѓаните на оваа населено место пак велат дека, да се живее тука е исто како да се живее во праисториско време, без вода, со уништена инфраструктура, а и често знаат да останат без електрична енергија при мало влошување на времето.

Го повикуваме градоначалникот Дамјановски да прекине со поделбите на граѓаните и конечно да се зафати со решавање на проблемите и реализација на неговите дадени ветувања. Никој а посебно не градоначалникот, нема право и не смее да ги дели граѓаните. Сите ние сме граѓани на Куманово кои имаат право на општина која ќе биде сервис на граѓаните и која ќе ги решава основните проблеми на граѓаните. – велат од ОК на ВМРО ДПМНЕ.