ОК на ВМРО-ДПМНЕ: Локалната власт не презема ништо за безбедноста на ул.Драган Стопаревиќ (видео)

Сподели со своите пријатели

Денес во 12 часот Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа прес, поврзан со безбедноста на улицата Драган Стопаревиќ. Нивните забелешки беа поврзани со недостаток на тротоар и лежечки полицајци на оваа улица.

Како што можете да видите простор за движење на пешаците нема,тротоарот е блокиран од многуте паркирани автомобили а на другата страна и воопшто нема тротоар ,така да пешаците се принудени да се движат на улицата на која се вози мошне брзо.Денеска  сме тука ,да за ја алармираме јавноста и локалната власт,затоа што секојдневно на илјадници наши сограѓани им е загрозена безбедноста, изјави Валентина Јовановска член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

Членовите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ бараат одговори од градоначалникот, за решавање на овој проблем.

Loading...

[huge_it_gallery id=”296″]


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.