ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово: Време е Дамјановски да поднесе отчет пред граѓаните (видео)

Сподели со своите пријатели

На прес конференција која денеска ја одржа Општинскиот коминтет на ВМРО-ДПМНЕ повторно се обратија до кумановската јавност, овој пат со цел да се бара отчет од градоначалникот Зоран Дамјанвоски за како што велат сите нереализирани ветувања.

Loading...

Конкретно тие го обвинија градоначалникот дека во својата предизборна кампања ветил изградба на 11 мини прочистителни станици за еквивалент жители од 400 – 6000.

Со изградба на овие прочистителни станици, истовремено треба да биде изградена и канализациска мрежа во вкупна должина од 73 км, со што ќе биде решен овој проблем на жителите на следните населени места: Сопот, Табановце, Четирце, Љубодраг, Ново Село, Умин Дол, Романовце, Брзак, Агино Село, Пчиња, Студена Бара, Вак’в, Скачковце, Орашац, Клечовце и Черкезе. Вкупната вредност на овој проект се проценува на 530 000 000 денари. – велат од партијата.

Како може со толкава рамнодушност да гледа како илјадници семејства во Куманово се уште немаат приклучок кон канализациона мрежа? Дали за него е поважно нешто друго и што е тоа.?Време е да поднесе отчет за се што нема правено сите овие години на пропаѓање на градот и да одговори до кога мисли над 100 000 илјади граѓани да држи во заложништво? – прашуваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.