ОК на ВМРО ДПМНЕ Куманово организираше поетска вечер по повод месецот на книгата

Сподели со своите пријатели

Комисијта за образование при ОК ВМРО ДПМНЕ Куманово, по повод месецот на книгата, на 29 октомври 2015 година (четврток) во Центарот за култура ” Трајко Прокопиев ” – Куманово, организираше поетска вечер. 

Loading...

На настанот зеде учество писателот Борис Митковски кој читаше стихови од својата збирка на хаику поезија „Патот”. Тој  воедно, преку своето исцрпно излагање, ја запозна  кумановската јавност со корените и карактеристките на овој вид поезија.

Настанот, кој беше проследен со голем интерес од публиката претствуваше истовремено  вовед во промоцијата на новата книга на авторот Митковски:  “Дрво кое шепоти”,  која ќе следува во наредниот период.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.