ОК на ВМРО-ДПМНЕ: Кракот на ул.6 претставува опасност за жителите на н. Јане Сандански (видео)

Сподели со своите пријатели

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово денеска организираше прес конференција во населбата Јане Сандански, или меѓу Кумановци позната како Бабин Дол, каде упатија критики до локалната власт, но и аларм дека е време да се асфалтира кракот од улицата бр. 6 во оваа населба.

Loading...

Како што истакнаа и самите жители на оваа населба, проблеми имаат и при мал дожд, затоа што целокупната вода од околните улици се слева на овој крак и тие не можат да излезат од своите домови.

Во улицата не може да влезе ниту брзата помош, ниту пак противпожарната единица, па стотина луѓе се оставени на милост и немилост на временските неприлики – истакна Ивана Арсеновска, дел од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа додаде дека досега граѓаните повеќе пати се обратиле до градоначалникот за овој проблем, но сепак немало никакви резултати од негова страна. Во предизборната кампања им било ветено асфалтирање на оваа улица, но сепак истата се уште е прекопана од дождовите, а асфалтот е далеку од реалност.

Алармот за оваа улица е вклучен, и затоа ве повикуваме да покажете разбирање за овие луѓе и нивниот проблем и интервенирајте што е можно поскоро – беше пораката која Арсеновска ја упати до градоначалникот на општина Куманово.

Тие додаваат дека жителите на оваа улица постојано имаат поплавени подруми и при мали врнежи од дожд, а зимно време при снежни наноси, како што потенцираат од партијата, ситуацијата е уште полоша.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.