ОК на ВМРО ДПМНЕ ја започна иницијативата за промена на име на кумановскиот плоштад (видео)

Сподели со своите пријатели

Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ  поддржани од коалиционата советничка група, по најавата за спроведување на иницијатива за промена на името на кумановскиот плоштад, од денес започна и со собирање потписи во штабот лоциран во некогашната кумановска томбола.

Loading...

[huge_it_gallery id=”214″]

Драган Петковски, координатор на советничката група при Совет на Општина Куманово од редовите на коалицијата “За подобра Македонија”, денес го најави стартот на иницијативата, додавајќи дека предлогот денес е поднесен до Советот како точка на дневен ред на првата закажана седница.

Во обидот да се оствари промена на актуелното име од плоштад Нова Југославија во плоштад Македонија, Петковски вели дека нема законски цензус, и дека со повеќе собрани потписи, ќе се побара и менување на актуелното име.

ОК на ВМРО ДПМНЕ и коалиционите партнери денес повикаа на давање потписи од граѓаните на Куманово со потпишување на неколку штандови кои за таа цел ќе бидат распоредени во градот, но и во штабот во поранешна томбола.