ОК на ВМРО ДПМНЕ го прозва Дамјановски за неисполнетите предизборни ветувања (фото)

Сподели со своите пријатели

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Куманово, денес одржа прес конференција во населбата Гоце Делчев, поточно во локалитет Трговски.

Loading...
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Населбата според партијата е една од најголемите и можеби најурбани населби во градот во која живеат над 5000 жители, истакна Валентина Јовановска, советник во општинскиот Совет на Куманово.

– Стоиме тука до скалилата за кои актуелниот градоначалник на локалните избори 2013 вети  реконструкција и уредување на зеленилото во целата околина. Значи, како што знаете, беше ветено поправка на скалите од ул. „Никшиќка” бр. 10, 12, 14, 16 (Од Супер Срк до градинката и училиштето) и обновување на скалите на ул. „Никшиќка” бр. 2, 4, 6, 8, 10). Можете да видите во каква состојба се наоѓаат, но и целото нивно опкружување, вели Јовановска.

FINAL RENDER.Still048 (1)

Според партијата, ова  е само едно од многуте ветувања кои до сега требаше да се реализираат, а не се ниту започнати.

– Пред изборите 2013 беше ветено и реновирање на скалите од улица „Лесковачка” бр. 1 и 2, ”поставување на лежечки полицајци на улицата „Титова Митровачка”, на истата улица од број 12 до број 49 да се искористи празниот простор за правење на парк (клупи, фонтани, зеленило, осветлување и сл.), тампонирање на паркингот пред житомелската зграда, поставување на клупи и позеленување на улица „Тоде Думба” број 88, 90, 92, 94, обновување на патот кон зградите и правење на скали покрај гаражите од зградите надолу, регулирање на сообраќајот на раскрсницата на булеварот „3-та МУБ” и улицата „Б.Б. Гуцман” (кај „Два Елена“) со поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација (семафори), засилено и редовно одржување на хигиената и зелените површини околу зградите, изнаоѓање на локација за зелен пазар, поставување на автобуски постојки низ целата населба (урбана опрема). Ова се само неколкуте ветувања за населбата Гоце Делчев кои се уште не се отпочнати, а веќе градоначалникот длабоко навлезе во третата година од својот мандат, истакна советничката на ВМРО ДПМНЕ.

Јовановска додаде дека денес, како резултат на повеќегодишното запоставување и неодржување од страна на локалната власт, условите за живот се крајно отежнати и недостоинствени.

– Сите премини и скалила се распаѓаат, проектираните простори за мали паркови и зеленила прераснуваат во мали депонии, улиците се во катастрофална состојба, хигиената е на многу ниско ниво. Ова е за жал вистинската слика за населбата и затоа мора нешто да се преземе. Време е градоначалникот да го  работи она за што е избран, а тоа е  одржување на градските населби и решавање на локалните проблеми.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

 

Loading...

 

ОК на ВМРО ДПМНЕ го повика градоначалникот да престане со неговите препознатливи изговори, истакна Јовановска, и да се насочи кон проблемите во Куманово затоа што времето си поминува, проблемите се наталожуваат, а трпението и толеранцијата на граѓаните е при крај…


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.