ОК на ВМРО-ДПМНЕ: Дамјановски само со празни ветувања за жителите на н. Карпош (видео)

Сподели со своите пријатели

На прес конференција за медиумите која денеска се одржа во населбата Карпош покрај улицата 100, ОК на ВМРО-ДПМНЕ испрати обвинувања на сметка на градоначалникот Зоран Дамјановски дека заедно со локалната самоуправа ги препуштил жителите на најголемата населба во градот сами да си изнаоѓаат решенија за своите проблеми.

Loading...

Како што вели Сашо Стошевски, претседател на месната заедница, жителите на оваа населба имаат добиено само парзни ветувања, а ниту еден реализиран проект. Тие посочија дека ветената детска градинка со која беше најавена во предизборната кампања сеуште не е започната, иако веќе поминале две и пол години од неговиот мандат.

Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ велат дека ветени, а нерезализирани се и изградба на тротоар на ул.100, поточно на мостот во близина на основното училиште, поправка на фекална канализација, чистење на коритото на барата и санација на асфалт на ул.120.

DSC_0008

Тие препорачуваат се она што досега е ветено за населбата да се реализира, затоа што е крајно време да се решат проблемите на граѓаните на н. Карпош – додаде Стошевски.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.