ОК на ВМРО-ДПМНЕ: Биљановце како да не постои за актуелната локална власт

Сподели со своите пријатели

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово денес одржа предс конференција во атарот на селото Биљановце од каде повторно упатија обвинувања до градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски и локалната власт дека ги запоставуваат населените места во градот.

Локалната опозција го потсети градоначалникот дека, како што истакнаа, во неколкуте години од неговиот мандат ништо не напарвил за жителите на Биљановце, иако во предизборната кампања ветил многу.

Жителите на Биљановце по се изгледа се заборавени, така што останаа само празните ветувања од страна на градоначалникот на последните локални избори, кога беше ветувано се и сешто, од улично осветлување, изградба на спортско игралиште па се до изградба на водоводна и канализациона мрежа. Како и на други места и во Биљановце проблемите се оставаат за во иднина која никако за жителите да донесе позитивна промена – рече Валентина Јовановска, советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа прашува дали градоначалникот знае каде се наоѓа оваа село и која е причината што ги ингорира проблемите на грѓаните.

Останаа уште неколку месеци од вашиот мандат! Во тие месеци сите знаеме дека ќе водите кампања ,со цел враќање на вашиот целосно нарушен углед. Секојдневно се служите со манипулации, разни оправдувања за децениското неработење и со површни обиди колку толку но за жал, само привремено да санирате по некој прблем – додаде Јовановска.

ОК на ВМРО-ДПМНЕ го повика градоначалникот сериозно да ги земат во предвид, како што велат, маките на своите сограѓани.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.