Гласањето во Куманово на сите 167 избирачки места тече без проблеми, информираше претпладнево претседателката на Општинската изборна комисија Бранкица Димковиќ.
Loading...
Сите избирачки места се отворени навреме.
– Поголеми проблеми немаме, тековно си тече целата работа оди во најдобар ред сега засега.Сите во седум часот наутро се отворени, нема застој, тие се информации од нашите претседатлеи на избирачките места. Проблеми и инциденти сѐ уште нема, со терминалите исто така е се во ред, изјави Димковиќ.
Доколку има проблеми од технички аспект, појаснува таа, лицата од техничка поддршка одат и интервенираат на терен, но засега нема поголеми проблеми.
Никола Ивановски
Loading...