ОХ СУДБИНО! По неколку дена брак, сфатил дека неговата жена е маж

Сподели со своите пријатели

Млад Индонезиец го доживеал својот животен шок откако дознал дека се оженил со маж, по што во паника повикал полиција.

Loading...

Локалните медиуми објавија детали од бизарната приказна која има вистински филмски пресврт, пренесува Oddity Central.

Се започнало на интернет, каде А.К.(26) се запознала со Адина Канза Азахрај.

По некое време, бил договорен состанок, а момчето признало дека веднаш се заљубил.

Не му пречело тоа што Адина го криела лицето, користејќи хиџаб или превез.

Всушност, нејзината срамежливост уште повеќе го заинтригирала, па решил да ја запроси.

Адина прифатила, но рекла дека не сака забава бидејќи „нејзината мајка починала“ и дека „не била во контакт со нејзиниот татко“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  За постоењето на овие животни веројатно никогаш не сте слушнале (ВИДЕО)

Тврдела дека нема семејство кое би го поканила на свадбата.

Loading...

Парот се одлучил за дискретна церемонија одржана во нивното село и тогаш работите станале уште почудни.

Имено, Адина не го симнала превезот, одбила да се дружи со семејството и пријателите, како и да го „конзумира бракот“.

Младиот маж се пожалил на своите роднини, кои решиле да ја истражат историјата на жената, па токму тогаш почнала да се расплетува замрсеноста.

Го пронашле таткото, кој објаснил дека има син, а локалните медиуми ги објавија само иницијалите Е. С. Х.

Штом слушнал дека се оженил со маж, А.К., повикал полиција.

„Е.С.Х.(26) признал дека барал пари од жртвите. Секогаш кога барал, добивал. Нему ќе му биде поднесена кривична пријава и ќе се соочи со четири години затвор“, изјавил полициски извор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто мажот клечи на колено кога ја запросува девојката?

Понатаму се наведува дека уапсениот по шминкањето имал „женски изглед“, што му овозможило да ги измами луѓето.

 

Loading...