Епидемијата на коронавирус предизвикува огромни штети на авиокомпаниите, поради откажување на летовите кон Кина и делови од други земји каде е „преселена“ епидемијата на коронавирус, но тие летаат празни авиони!
Ако вирусот продолжи да се шири со оваа брзина, се очекува загубите да достигнат 113 милијарди американски долари само од продажба на авионски билети.
Членови на американскиот Конгрес во изолација, двајца се ракувале со Трамп
Авиокомпаниите возат полупразни или празни авиони само за да избегнат губење на слотови (договорени датуми) на аеродромите, трошат големи суми на пари како за горивото, така и за персоналот.
Причината за ова, според Бизнис Инсајдер, се европски правила за кои е неопходна авиокомпанијата да ги задржи отворени 80 проценти од доделените слотови или се под закана да ги изгубат. И штом ќе изгубите „термин“ на аеродром, тешко дека ќе добиете повторно.
Некои британски власти им предложија на авијациските власти да ја прекинат примената на европските правила за слотови додека епидемијата на коронавирус е во тек.
Некои мерки за помош на авиоиндустријата веќе ги објави кинеската влада. Органот за цивилно воздухопловство таму соопшти дека ќе ги намали даноците на аеродромите и контролата на летот и ќе го одложи спроведувањето на распоредот на летови за претстојната летна сезона.
Во соопштението објавено на официјалната веб-страница на CAAC се вели дека оценувањето на успешноста за закажаните поаѓања и пристигнувања ќе биде суспендирано до понатамошно известување, а времето за одобрување за продолжени меѓународни летови ќе биде скратено, пренесува Ројтерс.
Дали презервативите можат да ве заштитат од коронавирусот
CAAC минатата недела објави дека ќе воведе финансиска поддршка за домашни и странски авиокомпании за да ги охрабри да ги обноват услугите и да го прекинат застојот на летовите.