Перниците изработени од Алое вера на „Филанд“ предизвикаа голема заинтересираност на посетителите на Саемот за мебел кој до сабота се одржува на Скопски саем.
Филип Додевски, сопственикот на брендот за душеци и перници „Филанд“, за Либертас вели дека не очекувал толкава побарувачка за перниците од Алое вера кои во моментов се хит во светот.
– Да бидам искрен пријатно сум изненаден од посетеноста на мојот штанд, се продаваат и душеците, но рекордна е бројката на продадени перници изработени од лековитата билка Алое вера – вели Додевски.