Огромен пожар во Турција: 20 хеликоптери, 619 возила и над 2.000 пожарникари се на терен (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Еден од најголемите шумски пожари во Турција оваа година ја зафати јужната покраина Денизли, а 20 хеликоптери и повеќе од 2.000 луѓе се борат со пожарот, соопштија покраинските власти.

Loading...

Пожарот избувна на 29 август, а неговото гаснење трае веќе четири дена без престан, објавува Анадолија.

 

 

Според локалните власти, 20 хеликоптери, 619 возила и вкупно 2.205 луѓе го гаснат шумскиот пожар во областа Булдан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО: Секоја стотa смрт во светот е предизвикана од самоубиство

Интензитетот на пожарот се намалува, но операциите за гаснење сè уште се во тек.

Жителите на две села беа евакуирани поради пожарот.

Loading...

 

 

Генералниот директорат за шумарство на Турција објави дека од почетокот на годината се регистрирани вкупно 2.476 шумски пожари, кои се успешно изгаснати и ставени под контрола.

Покрај Денизли, во тек се воздушни и копнени интервенции за гаснење на шумските пожари во Карабук и Ајдин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јапонија го забележа најжешкоto лето откако се прават мерењата