Голем пожар избувна денеска околу 10:23 часот во компанија за истражување и производство во градот Арамил во Свердловската област во Русија, при што евакуирани се 110 лица.
– Според привремените податоци, пожарот зафатил површина од 3.000 метри квадратни. Пред пристигнувањето на противпожарната единица, 110 лица самостојно ја евакуирале зградата. Нема извештаи за жртви – соопштија од регионалната канцеларија на Министерството за вонредни состојби.
Постои опасност пожарот да се прошири на складиштето за запалива течност, пренесува ТАСС.
На терен се 16 возила со 49 пожарникари.
Истражувачкиот и производствен холдин VMP произведува материјали за бои и лакови за индустриска употреба и огноотпорни бои.
Компанијата е изградена во 2017 година, според веб-страницата на компанијата.
Aramil, Sverdlovsk Oblast, research and production facility. March 24, 2023. pic.twitter.com/nZjY41LA2A
— Russia on fire (@russiasonfire) March 24, 2023