Огромен интерес на кумановчани за дебатата на СДСМ посветена на младите (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Во салата на МКЦ, вчеравечер се одржа трибина на СДСМ под наслов „Како до подобар живот на младите“, на која свое обраќање меѓу останатите имаше и заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шеќеринска.

Loading...

DSC_0005

На трибината најпрвин беа претставени дел од предлог програмата насловена како „Визијата за Македонија“, а членовите на партијата дискутираа со младите и одговараа на нивните прашања.

Уводно обраќање имаше Мартин Костовски, претседател на ОО на СДСМ Куманово, кој го потенцираше проблемот со иселувањето на младото население, не само од градот, туку и од Република Македонија.

Доколку пред само неколку години проблемот со иселувањето на младите беше нешто страно за нас кумановци, односно беше само Ирак и Авганистан, за жал во изминатите неколку месеци сме сè поголеми сведоци на она што значи иселување на луѓе кои што се наши соседи, наши пријатели и роднини, додаде Костовски во своето обраќање пред граѓаните на Куманово.

 

 

Обраќање имаше и заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шеќеринска која даде осврт на целокупните случувања со изминатите избори. Таа вели дека власта на Груевски е корупмпирана, а СДСМ сето тоа го има докажано со јасни докази на кои се слуша гласот на министрите и премиерот.

Loading...

Власта зборуваше за екстерно за факултети,  и го крстија државен испит, па екстерно за средно, екстерно за основно, кај и да е ќе воведат и во градинки, но и тие го добија своето екстерно. Договорот од Пржино е екстерно за власта, па ако може да победиш на фер и демократски избори, еве им шанса– истакна Шеќеринска.

 

 

Од друга страна, свое излагање пред кумановци имаше и пратеникот на СДСМ во собранието, Стефан Богоев кој истакна дека Македонија е првак во Европа по бројот на иселени млади лица. Тој вели дека 53% од македонското население се иселило од државата, повикувајќи се на податок од Светската банка.

DSC_0017

За да го спречиме ова ќе го реализираме проектот „Младинска гаранција“ што значи дека секој што ќе заврши формално образование по негов избор, ќе му се понуди да продолжи со образованието, да продолжи, да се вработи или да оди на пракса и тренинг од четири месеци – рече Богоев.

 

 

Loading...

Тој додаде дека доколку СДСМ победи на изборите парите кои денеска Владата ги доделува за отпочнување нов бизнис кои се 3000 евра, ќе бидат зголемени на 10 илјади заедно со додатна помош за бизнисот.

Претседателот на Комисијата за образование и наука од редовите на СДСМ, Петар Атанасов вели дека никој повеќе не верува во донесените закони од сегашната власт, посебно не оние од областа на образованието, кои се менувани 18 пати за седум години.

DSC_0018

Нема веќе да дозволиме да се носат преку ноќ закони кои ќе носат штета за образованието, а во нивното донесување ќе учествуваат сите – рече Атанасов.

 

 

Тој вети укинување на екстерното веднаш откако СДСМ ќе дојде на власт, но исто така и намалување на бројот на предмети во училиштата и обемот на материјалот за настава.

Маринела Тушева пак најави поголема искористеност на европските фондови кои нудат неповратни средства за капитални проекти, кои оваа власт не ги искористувала доволно.

Loading...

Откако раководството на СДСМ заврши со своите излагања, младите кумановци имаа можност да постават прашања или да дадат предлог за новата изборна програма на СДСМ.

Шеќеринска пред дебатата одржана во МКЦ, се сретна со граѓаните на Куманово.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.