Огромен астероид со големина како Кеопсовата пирамида пролетува покрај Земјата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Изгледа дека август ќе биде месецот на астероидите кои пролетуваат во близина на Земјата. Пред само неколу дена од НАСА беше соопштено дека огромно бенесно тело, поголемо од „Емпаер стејт билдинг“ ќе мине крај нашата планета.

Во меѓувреме е објавено и дека уште еден огромен астероид, нарече OU1, ќе се доближи до земјата на 28 август на одалеченост од само 0,00687 астрономски единици (нешто над милион километри), откриле научниците од Лабораторијата за млазен погон при НАСА.

Loading...

Се проценува дека астероидот со широчина од околу 150 метри ќе се движи кон нашата планета со брзина од 13 километри во секунда.

Тој астероид е сместен во Аполо групата, која ја сочинуваат потенцијално опасни астероиди. Под потенцијално опасни се сметаат сите немесни тела со минимална одалеченост од пресокот на орбитата од 0,05 астрономски единици и асполутна магнитуда од 22,0 или помала.

Астероидот кој се приближува до Земјата е со големина на пирамидата од Гиза, пренесува Дејли стар.

Пред само неколку недели, астероидот наречен ОК2019, со слична големина, помина крај Земјата на само петина ода одалеченоста од Месечината.

Се верува дека огромниот астероид, кој е забеежн дури кога влегол во орбитата на Земјата, имал сила на атомска бомба која е во состојба да урне цел град.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *