Огромен астероид се приблужува кон Земјата, се огласи и НАСА (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

И додека целиот свет и научницие во НАСА се фокусирани на мисијата „Марс 2020“ и на роверот „Perseverance“ кој деновиве започна да ги испраќа првите фотографии, видео записи и аудио снимки од Црвената планета, Американската вселенска агенција предупреди на група астероиди кои брзаат кон Земјата, со големина од десет до 213 метри во дијаметар.

Loading...

Во недела, астероидот со дијаметар од десет метри 2021 ДД1 и 2021 ДК1 со дијаметар од 61 метар ќе помине покрај Земјата на безбедно растојание од 1,6 милиони, односно шест милиони километри.

Сепак, тоа е само „загревање“ пред пристигнувањето на астероидот, кој НАСА го нарекува 2020 KSU6, со големина на стадион, чиј дијаметар е 213 метри, односно е двојно поголем од Биг Бен во Лондон и два и пол пати од Статуата на слободата во Њујорк.

KSU6 2002 патува со брзина од 8,4 километри во секунда или 30.240 километри на час. Бидејќи обемот на Земјата е 40.075 километри, на астероидот ќе му треба малку повеќе од еден час за да го „обиколи“ кругот околу нашата планета.

Се очекува оваа вселенска карпа да лета на околу четири милиони километри од Земјата на 22 февруари, за да може човештвото да се одмори засега.

Иако тој астероид веќе „прелета“,наскоро ќе го следи BV9 2020 (со дијаметар од 23 метри), кој ќе помине на растојание од 5,6 милиони километри, и CC5 2021 (40 метри), кој ќе помине на приближно 6,9 милиони километри од Земјата.

 

Loading...

Leave a Reply