Сјаен метеор со зелена светлина во форма на капка вода е снимен на небото над Флорида. Снимката е направена од автомобил во движење.
Оние кои го виделе рекле дека траело неколку секунди, а на небото се појавила силна светлина која го осветлила како огномет.
Националната метеоролошка служба во Тлахасеј соопштила дека огнената топка ја детектирал уред кој се користи за следење на громови.
Се уште се истражува местото на падот на метеорот, затоа што постои можност тој да се распаднал во атмосферата пред да падне на земјата.
Некои од очевидците на настанот го споделиле искуството на социјалните мрежи.
Метеорот е дел од вселенска карпа која се крши од астероидот или кометата која кружи околу Сонцето. Кога ќе влезе во земјината атмосфера, веднаш согорува и на небото остава траги на ѕвезда во паѓање.