Одземен пасошот на кумановецот кој го величеше убиството на полицаецот

Сподели со своите пријатели

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против едно лице, жител на с.Пелинце, општина Старо Нагоричане, поради постоење на основано сомнение дека го сторило кривичното дело Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик.

Loading...

Осомничениот, како што информираат од Основното јавно обвинителство, делото го сторил на 21.04.2019 преку социјалната мрежа Фејсбук, кога објавил текст во кој дал поддршка на кривичното дело сторено од негов близок роднина во кое животот го загуби полициски службеник, а беа повредени уште четири лица. Во објавениот текст, осомничениот повикал на насилство кон оштетените од сообраќајната несреќа.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово, поведувајќи ја постапката против осомничениот, ценеше дека се исполнети законските основи, па до судија на претходна постапка на Основниот суд Куманово достави и предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот. Предлогот беше прифатен, па со Решение на осомниченото лице му се определени мерките на претпазливост според кои привремено му е одземена патната исправа и му е зададена обврска да се јавува еднаш неделно на службено лице во судот, стои во соопштението од ЈОРМ.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *