Одвратно! Ги испрала перниците по 5 години и се шокирала кога ја видела водата во кадата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Корисничката на Тикток Лекси објави вирално видео во кое ги мие омилените перници на нејзиниот сопруг за прв пат по пет години.

Loading...

Корисниците беа шокирани од нечистотијата што се насобрала во нив, а многумина не можеа да поверуваат дека нејзиниот сопруг спие на нив. Според Дејли Меил, Лекси прво ги потопила перниците во када, а по 24 часа во вода, водата се затемнила, речиси поцрнета од нечистотијата што била во перниците.

 

 

На видеото, таа покажува како додава три различни средства за чистење во водата во која биле потопени – детергент за перење, таблети за отстранување мирис и отстранувач на дамки. Откако перниците биле цел ден во вода, Лекси ја покажала својата кафеава боја, од остатоците од прашина, нечистотија и коса.

„Се уште ќе ги мијам во машина за перење, за да ги измијам целосно“, рече таа во видеото. Нејзиното видео брзо стана вирално на социјалните мрежи, собра повеќе од 37,4 милиони прегледи и 4,3 милиони лајкови, но повеќето во коментарите ја советуваа жената да ги фрли старите перници и да купи нови.

 

Loading...

 

@pwincesslexxStripping my husbands favorite pillows after 5 years🤢 #fyp #foryoupage #pillowchallenge #cleantok #gross #strip♬ Spongebob – Dante9k