Одржан Локалниот совет за превенција во Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Во просториите на Општина Куманово денеска се одржа состанок на членовите на Локалниот совет за превенција.

Loading...

Како што информираше градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, на средбата се разговарало по претходно утврден дневен ред, на кој имало повеќе точки.

 

 

Меѓу точките за кои се расправало се и ослободување на тротоари за пешаци и регулирање на сообраќај, отстранување на хаварисани и нерегистрирани возила од јавни површини, заштита на јавен општински имот (заштита од уништување на урбана опрема, соочување со вандализам и узурпација на општински имот).

Една од точките била и задолжителни патроли околу училишта, паркови и плоштад, но и питачење по јавни површини, улици, угостителски објекти, патарини што е еден од проблемите со кои се соочува општината.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Фестивалот „Арт Атак“ утре во Куманово

 

Loading...

 

Зголемено делување на СВР Куманово по прашање на Јавен ред и мир (пукање со огнено оружје, употреба на огномети, гласна музика, користење на недозволени психотропни супстанци), справување со загадување на воздух (палење на отпад, гуми, кабли) и загадување на речно корито, контрола и отстранување на диви продавачи од пазари и други јавни површини, воведување на старата, но ефикасна мерка на маалски полицаец – позорникар во сите позорни реони на градот.

 

 

– На состанокот донесовме одлука за формирање на координативни работни групи од сите чинители од локално и државно ниво, во врска сите посочени проблеми (теми),  кои ќе имаат за цел да преземат конкретни активности и мерки во наредниот период, се со цел решавање на проблемите и состојбите во општината, потенцираше градоначалникот Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гитаријада вечерва во Куманово

Никола Ивановски

Loading...