Одрон на автопат во Бразил: Двајца загинати и десетици исчезнати (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Откако во вторникот лизгање на земјиштето затрупа автопат во Бразил, најмалку две лица загинаа, а десетици се водат како исчезнати.

Loading...

Силниот дожд предизвика лизгање на кал на автопатот БР-376 во градот Гуаратуба во државата Парана.

Засега не се знае што се случило со 30 лица, тие се водат како исчезнати. Властите веруваат дека под калта има неколку возила.

На видеата се гледаат превртени камиони кои се опасно блиску до работ на патот, пишува Sky News.

Граѓаните на социјалните мрежи прашуваат зошто властите не го затвориле патот порано, туку само по одронот.

По инцидентот, сообраќајот во областа беше во прекин, а пристапот до главното пристаниште за испорака на жито и шеќер беше прекинат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рио Тинто се извини за исчезнувањето на радиоактивна капсула во Австралија

Околу 80 отсто од стоките извезени од Паранагва, второто по големина пристаниште во земјата за житарки и шеќер, се испорачуваат со камиони.

 

Loading...