Одобрени средствата од ковид програмите за туристичките агенции, за ноќните клубови и за рестораните за свадби

Сподели со своите пријатели

Владата ја усвои Информацијата за спроведениот Јавен повик за финансиска поддршка на Лиценцирани туристички агенции и донесе Одлука за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година како дел од пакетите за справување со последиците од КОВИД-19.

Loading...

Со оваа одлука се одобруваат средства во вкупен износ од 50.880.000,00 денари на 258 лиценцирани туристички агенции.

Владата донесе Одлука за финансиска поддршка на ноќни клубови, со која се одобруваат средства во вкупен износ од 8.324.480,00 денари на 17 ноќни клубови од програмите за поддршка на компаниите за справување со последиците од КОВИД-19.

Од програмите за поддршка за справување со последиците од КОВИД-19, Владата ја донесе и одлуката за финансиска поддршка на рестораните за свадби, за кои за вкупно 107 правни субјекти се одобруваат средства во вкупен износ од 51.650.798,00 денари.

Владата на Република Северна Македонија ја усвои Информацијата на Агенцијата за вработување за неискористени финансиски средства во Посебниот фонд за финансирање на мерки за вработување на евидентирани невработени лица, и донесе одлука износот од 100.000.000 денари од неискористените средства да се користат за мерката субвенционирање на плати заради значителниот интерес од страна на невработените лица и работодавачите.

Со обезбедување на дополнителен износ ќе се обезбеди субвенционирање на плата за дополнителни 438 невработени лица, со што бројот на лицата опфатени со оваа мерка ќе изнесува 1.304 лица.

Leave a Reply