Одмрзната сметката на „Макпетрол“

Сподели со своите пријатели

Како што пишува Утрински весник Јавното обвинителство доцна вчера одлучи да ја деблокира сметката на „Макпетрол“, но работелењето со „Оилко КДА“ ќе биде следено и понатаму.

Loading...

Скопското Јавно обвинителство дошло до дополнителни докази од компанијата „Макпетрол“ од кои се утврдило дека постои потреба за ослободување на сметките на фирмата која беше блокирана во петокот со соодветно решение.

До деблокада на сметките на „Макпетрол“, според Јавното обвинителство, дошло поради потребата за непречено работење на оваа компанија која има преземени обврски за снабдување со енергенси на други субјекти, но и поради тоа што во трети правни лица „Макпетрол“ се јавува како единствен содружник и извор на финансиски средства за нивното работење.

Од Обвинителството велат дека ќе продолжи нивниот надзор над работењето на „Макпетрол“ и на „Оилко КДА“ и затоа до судијата бил доставен предлог за следење на платниот промет и трансакциите на овие две друштва.

Инаку, од скопското Основно јавно обвинителство потврдија дека е во тек предистражна постапка по поднесената кривична пријава против раководни лица на „Макпетрол“.

За случувањата во и околу „Макпетрол“, МВР минатата недела поднесе кривична пријава за 21 лице, меѓу кои и за нафтениот тајкун Андреја Јосифовски кој е на чело на „Макпетрол“. Станува збор за десет членови на Управниот одбор, осум од Надзорниот одбор и одговорни лица во Централниот регистар, Централниот депозитар за хартии од вредност и Комисијата за хартии. Сите тие се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување, односно дека имало незаконско прелевање на капитал од „Макпетрол“ во Командитното друштво „Оилко КДА“.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.