Одморалиште вредно 1,6 милијарди долари изгледа како град на духови: напуштени вили, уапсени инвеститори (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

13 години по големата криза, куќите сè уште стојат на истото место.

Loading...

Градот на духови во Мисури, кој требало да стане одморалиште вреден 1,6 милијарди долари, стана вирален последните денови на социјалните мрежи.

 

 

Неверојатни снимки покажуваат напуштени големи вили, опкружени со обраснати дрвја во одморалиштето во Брансон – повеќе од една деценија по кризата со домувањето.

Видеото е објавено од корисничка на ТикТок и за кратко време доби повеќе од 2,1 милиони лајкови.

– Ова требаше да биде голема заедница од 1,6 милијарди долари. Требаше да го има еден од најголемите водни паркови во земјата, терени за голф, конференциски и трговски центри – рече корисничката.

Loading...

 

 

Наместо тоа, рече таа, се претвори во град на духови во 2008 година, кога се случи кризата.

„Пет лица завршија во затвор, а 13 години подоцна куќите сè уште стојат тука“, рече таа.

Инвеститорите сакаа одморалиштето да има марина, хотел со 390 соби, музеј и втор по големина затворен воден парк во светот, објави локалната телевизија во 2017 година.

 

 

Loading...
@carriejernigan1Reply to @victoriadrake1 Call Jason ##abandoned ##housetour ##house ##missouri♬ Send Me on My Way – Vibe Street

 

Сепак, откако луѓето вклучени во проектот завршија во затвор, вклучително и две лица кои лажеле за да добијат заеми, тој никогаш не беше завршен, пренесува Њујорк пост.

Снимката се прошири на социјалните мрежи, а луѓето велат дека е „гадно“ и страшно како од „кошмар“.

 

 

@carriejernigan1##missouri ##branson ##house ##housetour ##jail♬ original sound – ✨LAWYER CARRIE✨

Leave a Reply