Одлуки од 28. седница на Владата

Сподели со своите пријатели

Од 28-мата седница на Владата: Одобрени 8 милиони евра повеќе во Пакетот 4 за поддршка за справување со последиците од КОВИД-19 за дополнителни категории граѓани и компании; Одобрени 99 инфраструктурни проекти за 75 општини со 35 милиони евра пренаменети од ТАВ;

Loading...

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 28-ма седница донесе одлука за нов пакет мерки за поддршка во справувањето со последиците од КОВИД-19 кризата.

Владата им излезе во пресрет на барањата и иницијативите на повеќе субјекти погодени од кризата и на предлог на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, во соработка со претседателот на Владата и Генералниот секретаријат донесе одлука дополнителниот сет на мерки во вкупен износ изнесува 488.803.928,00 денари, односно околу 8 милиони евра.

Со овој најнов КОВИД пакет се опфатени:

• Естрадните уметници (околу 731), со финансиска помош во износ на 2 бруто минимални плати (21.776 денари);

• 40 здруженија од Асоцијацијата на танцови здруженија со грантови од по 2.000 евра за секое здружение;

• Приватните установи за деца – детски градинки со субвенции од 1.500 денари по згрижено дете, за период од 6 месеци, за вкупно 1.216 деца во 17 градинки, со што тие добиваат ист третман како јавните детски градинки во државата;

• Финансиска помош за 12 дизајнерски ателјеа за организирање свадби кои се забранети во овој период со еднократен износ од 90.000 денари;

Loading...

• Грантови за едукативни центри за деца исто како и за игротеките, (по број на вработени, со по две бруто плати до 21.776 денари);

• Грантови за центри за странски јазици исто како и за игротеките со по две бруто минимални плати од 21.776 денари;

• Финансиска помош за ноќни клубови врз основа на прикажан вкупен бруто промет од 2019 година за вкупно 24 субјекти и во вкупна висина на средствата од 7.380.000 денари;

• Субвенционирање на плати на вработени во 48 младински организации и организации за млади од 21.776 денари месечно, за 2 месеци и за хонорарно ангажираните лица во овие организации;

• Финансиска помош на МЖ Транспорт во висина од 110.000.000 денари, и за ЈП Државни патишта пат во висина од 180.000.000 денари;

• Финансиска поддршка од по 14.500 денари по вработен за два месеци за ефективни работни часови за 58 лиценцирани превозници со лиценци за 376 автобуски линии;

• Со овој дополнителен пакет за поддршка за справување со последиците од КОВИД-19, финансиска помош за исплата на плати за ГТЦ АД Скопје во наредните два месеци за полесно пребродување на корона ризата за 260 вработени, од кои 219 се во редовен работен однос, и 41 со договор за привремено вработување во вкупна висина од 8.926.545,00 денари;

• Финансиска поддршка од околу 36 милиони денари за исплата на 2 плати на 598 вработени во АД Водостопанство;

Loading...

• Скалеста исплата на финансиска помош на: самостојни уметници, филмски работници и уметници стручни соработници, од 14.500, 18.000 или 21.500 денари во зависност од примањата за период од 3 месеци, за вкупно 462 корисници за што се предвидени вкупно 24.948.000 денари за чија исплата ќе биде објавен повик од Министерството за култура;

• Финансиска помош за вкупно 53 фирми кои вршат превоз во Скопје и во кои се вработени 100 лица претставени преку МАКЕКСПРЕС ПРЕВОЗ ДОО Скопје за исплата на еднократна финансиска помош од 14.500 денари по вработен, за два месеца, во вкупен износ од 2.900.000 денари; како и

• Финансиска помош за вкупно 83 фирми во кои се вработени 181 лица претставени преку ДППУ Слобода превоз Скопје, за исплата на еднократна финансиска помош од 14.500 денари по вработен, за два месеца во вкупен 5.249.000 денари.

На оваа седница е донесена Одлука со која е одобрена предлог листа на проекти од општини за финансирање од дополнителни средства кои се обезбедија со пренамената на финансиските средства од ТАВ што беа предвидени за изградба на карго аеродром во Штип.

Со оваа одлука се обезбедени 35 милиони евра за 99 проекти за 75 општини кои се одобрени за изградба и реконструкција на локална патна инфраструктура, за водоснабдителна мрежа, за канализациони мрежи, за реконструкција изградба на градинки и училишта и спортски објекти, за реконструкција и изградба на здравствени установи, и за други проекти што ги предложија општините и што се прифатени со оваа одлука на Владата на Северна Македонија.

На денешната седница е донесена и Одлука за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година во висина од 30.000.000 денари на Општина Арачиново, како еднократна неповратна финансиска поддршка, за справување со потешкотиите во тековното работење настанати поради КОВИД – 19 кризата.

На предлог на Министерство за надворешни работи Владата денеска ја донесе Одлуката за предвремена примена на Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, со која се обезбедува целосен континуитет на трговските односи меѓу двете држави, на начин и во обем кој тековно се реализира преку Спогодбата за стабилизација и асоцијација, откако после Брегзит Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска нема да е обврзана со договорите на Европската Унија.

Интегрално соопштение: Влада на РСМ

Loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *